Дамски и женствено: На овој излог најдовме комбинации кои би сакале да ги облечеме веднаш

13 февруари 2021

Не постои жена која макар и при сосема обична шопинг прошетка, не би го свртела погледот кон добро уредена продавница односно излог.

Ако сте во потрага по дамски и женствени комбинации, тогаш нема шанси да ја одминете продавницата на Елена Лука во Градскиот трговски центар.

Покрај тоа што излогот е уреден модерно и тематски за Денот на вљубените, дефинитивно ќе посакате одблиску да ги погледнете и комбинациите кои ги имаат направено.

 Воедно, сакаме да ви нагласиме, дека покрај нови парчиња, голем е изборот и на оние што се празнично намалени, па имате шанса да го имате вашето омилено дизајнерско парче по супер цена.

Ние одбравме неколку фаворити кои ќе ви ги презентираме во продолжение:

Кожено црно здолниште во склад со кошула со нежен принт и капут во кафена нијанса - одлична комбинација и за работно место, но и за во текот на целиот ден, доколку ви е исполнет со бројни обврски.

Комбинација: здолниште: 1.900 денари; кошула: 1.800 денари; капут: 3.900 денари;  чизми: 2.560 денари;

Блејзер и џинс - одличен спој на лежерното и елегантното. Во комбинација со свилен шал со љубовен дезен, може да биде една од вашите комбинации за Денот на вљубените.

Комбинација: фармерки:1.950 ден; блејзер: 2.900 ден; сандали: 2.400 ден;  чанта: 3.150 ден;

Исто така, ќе најдете и неколку верзии на одела - трендовски и одличен избор доколку сакате  некаде да оставите силен впечаток.

Плетените фустани се секогаш добра идеја во зима, а еден таков што ја следи линијата на телото во комибинација со долг топол кардиган  и чизми - нема поудобна и помодерна комбинација истовремено.

Комбинација: плетен фустан: 1.800 ден;  долг кардиган: 2.400 ден;  високи чизми: 2.520 ден; свилен шал:1.100 ден;
 

За оние што ја сакаат повеќе спортската естетика тука се комбинезоните, штепуваните јакни, рамните обувки...

Затоа, доколку денеска сакате да прошетате или пак сте на мисла на направите викенд шопинг, упатете се на првиот кат на Градскиот трговски центар. Не само што ќе се стоплите од надворешниот студ, туку ќе уживате во комплетно топла атмосфера и супер избор.

Комбинација: бела ролка: 2.000 ден; шорцеви: 2.000 ден; црн кожен блејзер: 3.100 ден;  чанта: 700 ден; 
 

Комбинација: лакирани панталони: 1.700 ден;  ролка:1.800 ден;  крзнен капут: 2.635 ден;  кратки чизми: 2.160 ден; чанта: 700 ден; очила: 3.900 ден;
 

Комбинација: кошула-фустан: 1.840 ден; очила: 3.900 ден;
 

 Комбинација: комплет сини тренерки: 2.240 ден; пуфер јакна со две лица: 3.200 ден; чанта: 1.200 ден;

 

Комбинација: фустан: 3.300 ден; лакиран мантил: 3.200 ден; чизми: 2.560 ден; 

 

Објавено:
13 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
907 пати
Тагови: 
Елена Лука