Дарија Вербови ќе ја промовира есенската колекција на Net-a-Porter

21 август 2014

Актуелната манекенка Дарија Вербови е заштитно лице на новата есенска колекција за 2014 година на онлајн продавницата Net-a-Porter.

Ова е прв пат познатата онлајн продавница, за своја рекламна кампања да ангажира модел од калибарот на Дарија, иако лансира реклами за своите колекции од 2011 година.

На двете објавени црно-бели фотографии, манекенката позира во двојна џинс комбинација од фармерки и кошула, односно на втората фотографија ја гледаме во една поелегантна, женствена  варијанта со бела кошула со ѕвонести ракави.

Оваа сезона, Дарија беше активно ангажирана во маркетинг кампањите на повеќе брендови, како Селин, Манго, Еквипмент и AG Jeans.

 

Објавено:
21 август 2014
Категорија: 
Актуел