Деби на Никола Формикети за Дизел

6 ноември 2013

Никола Формикети ја претстави својата деби колекција за модниот бренд Дизел. Како ново именуван уметнички директор на оваа модна куќа во април оваа година, овој дизајнер кој е најпознат по своите креации на ексцентричната Лејди Гага си постави цел, неговата нова линија под капата на оваа компанија како појдовна точка ја зема 35 годишната архива на модели и дизајни на овој бренд.

 

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

„Тоа е како мое љубовно писмо до Дизел. Колекцијата насловена DieselTribute е со идеја едноставно наоѓање и носење на убави парчиња облека насекаде, на работа, во канцеларија, во фабрика, на улица,  на забава, вклучувајќи и имплементирајќи ги на самите дизајни познатите лепенки особено на тексасните модни парчиња кои се заштитен белег на овој бренд, кои и јас сакав ги искористам во оваа колекција“, вели Формикети.

 

 

Колекцијата е поделена во две различни линии, тексас и кожа, која ќе биде официјално лансирана во ноември и февруари наредната година. Секое од изработените 45 парчиња е рачна изработка и се однесува како за жени така и за мажи. Освен парчиња облека изработена од материјал, во линијата се вклучени и изработки од тексас, како и модни додатоци и аксесоари. Ник Најт бил најмен да ја слика кампањата  првенствено на својот iPhone, а фотографиите се наменети да се споделуваат на социјалните мрежи кои му припаѓаат на овој бренд.

 

 

Неверојатен е фактот што се има направено Рензо Росо, основачот на Дизел, во текот на последниве 35 години. Сакам Дизел да прерасне во најкул бренд на планетава. Планираме многу „луди“ нешта и интересни сценарија за блиска иднина“, кажа Најт.

 

 

Ова е само најава за неговата прва целосна колекција која ќе биде претставена во март. Формикети, како што најавивме погоре, главниот соработник на Лејди Гага, работел и како креативен директор на Маглер пред да му се приклучи на Дизел тимот. Тој ја наведува страста на Росо како причина број еден, зошто се одлучил да работи за оваа модна куќа.

 

 

„Јас моментално работам во една поинаква средина. Имам огромен тим на луѓе низ целиот свет. Со Дизел можеме да направиме нешто на кое ќе му дадеме личен печат и рачна изработка, која ќе биде достапна на глобално ниво“, заклучи Никола.

 

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Актуел