Албанската фотографка Сола Зани неодамна направи одлична соработка со тамошното здружение на Даунов синдром и директорката Емануела Заими за да создаде одлична серија портрети од локални дечиња инспирирана од бројни познати слики.

Зани е специјализирана во областа на семејната фотографија, но отсекогаш ја влечеле класичните дела, па оваа комбинација била совршената за неа.

Соработката и целиот проект воопшто не биле лесни, како што ќе каже самата, но таа решила дека ќе оди до крај поради влијанието што истиот ќе го има врз општеството.

„Пораката што сакав да ја пратам преку овој проект е дека секоја личност посебно, е уметничко дело, па мора да научиме сите да ги гледаме на убав начин. Овие деца се прекрасни и тие се способни да направат било што ако им дадеме шанса“, вели Сола.

Објавено:
11 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.587 пати