„Decade“-книга која го раскажува фотографскиот опус на Алекс Лубомирски

10 март 2014

Во својата нова книга Алекс Лубомирски, популарниот британски моден фотограф со полско-перуанско потекло, реши својата десетгодишна работа да ја собере во една книга. Изданието со наслов „ Decade“(Деценија), вклучува бројни фотографии од најразлични ангажмани на фотографот, списанија, едиторијали, фотосесии и слично. Лубомирски почна со работа како асистент на Марио Тестино, со кого тој работел 4 години. Ова непроценливо искуство многу му помогна на младиот Алекс во градењето н а своја кариера и преземање големи чекори во областа на модната фотографија.

Воодушевувањето од работата на Алекс Лубомирски, но и од неговиот професионален пристап кон филмот и креирањето на едиторијали, го сподели и главниот и одговорен уредник на германски Vogue, Кристијан Арп, на кој му припадна честа да го напише предговорот на книгата.

„Пред Алекс Лубомирски да го земе својот фотоапарат во раце, тој веќе има снимено филм во својата глава. Единствено нешто што му преостанува е да го притисне копчето на блендата и лентата да ја преобрази во неколку фотографски рамки извајани со посебна техника... уловени од магичната бленда во која се извезени тишината на душата и срцебиењата на Алекс. Затоа неговите фотографии се толку посебни, убави и единствени“, открива Арп.

Книгата официјално ќе се најде во продажба кон крајов на месецов, на 31 март.

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Актуел