Децата од „11 Октомври“ ќе одгледуваат здрав зеленчук и овошје во својата ботаничка градина

10 октомври 2014

Домот за деца без родители „11 Октимври“, денеска го прославија патрониот празник заедно со своите пријатели и соработници, а ова беше и добар повод да се најави и донаторската акција за собирање средства за изработка на ботаничка градина на домот.

Директорката на институцијата, г-ѓа Ристенка Атанасовска ги поздрави присутните и потенцираше на важноста на проектот, кој би им обезбедил на децата од многу мала возраст да стекнат навика за здрава исхрана преку грижа за градината и едукација во истата.

„Прекрасно е што сите сме собрани на едно место да го прославиме нашиот патрон празник 11 Октомври, и да поминеме едно убаво претпладне заедно со дечињата. Покрај ова, другиот повод за нашето заедничко дружење е што дојдовме до идеја заедно со Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и секако со дечињата од домот, дека сакаме самите ние да одгледуваме растенија, здрав зеленчук и здраво овошје,  затоа што знаеме дека успешна иднина ќе имаме само ако имаме здравје, а согласно на тоа и конзумираме здрава храна.  По тој повод дадовме апел до сите државни институции,  фирми, приватни лица да собереме средства за реализација на идејата за ботаничка градина“, ги поздрави присутните Атанасковска.

 

Исто така, Атанасовска, а воедно и домот „11 Октомври“ со врачување на благодарници им се заблагодарија и ги испочитуваа сите  оние кои имаат свој придонес во реализација на овој проект, донатори, соработници и медиумски покровители, меѓу кои беше и редакцијата на Fashionel.

По повод овој ден, беше организирана и „Grill“ забава организирана од страна на децата од домот, кои на овој начин и со насмевка на лицето ја искажаа својата благодарност.

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Актуел