Дечиња со посебна убавина во новата кампања на River Island

20 февруари 2018

Брендот River Island лансираше нова кампања во која повторно главни ѕвезди се дечиња со посебни потреби.

Некои се со Даунов синдром, некои со церебрална парализа, епилепсија, некои со ретки хормонални пореметувања, но без разлика на сето тоа, целта е да се истакне сета нивна убавина, позитивност и насмеаност.

 

Пролетната кампања е со порака „Етикетите се за облека, не за деца“.

Брендот е познат по тоа што ја слави различноста и инклузивноста. Моделите се од три до десет години, а со оваа кампања сакаат да ја одбележат и 30-годишнината од нивното постоење. 

Ова се новите лица на River Island за детска облека:

Објавено:
20 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
911 пати