Дејвид Бекам е на насловната на GQ и изгледа фантастично!

3 септември 2019

Најновиот, октомвриски број на британскиот магазин „GQ“ го краси 44-годишниот Дејвид Бекам. Ова издание е посветено на „Годишните награди за Маж на годината“, кои се одржуваат по 22. пат. 

Бекам ја доби специјална награда од уредништвото и се најде на првата страна. Освен фотографиите, кои се снимени во Венеција и на кои поранешниот фудбалер изгледа фантастично, тој даде и интервју во кое искрено зборува за татковството.

„Им велам на децата дека мора да направат избори во животот, а понекогаш и да се откажат. Ако твоите пријатели излегуваат во петок навечер, ти можеби нема да можеш. Можеби имаш часови по тенис следниот ден или си во студио и пееш како Круз, или пак имаш снимање како Бруклин. Таму треба твојот фокус да биде“, изјави Бекам.

Тој признава дека никогаш не сакал да има кариера надвор од спортот и сè за што некогаш размислувал е да биде што подобар фудбалер.

„Сè што некогаш посакував е да бидам успешен фудбалер. Очигледно, секогаш правев работи и надвор од играта и надвор од мојата фудбалска кариера, кои беа малку поинакви во тоа време. Сметам дека сега некои од работите што јас ги направив се многу поприфатливи, некои од насловните страни или некои фотографии, некои спонзорства, меѓутоа мојот фокус секогаш беше на тоа да ги освојам трофеите, да бидам успешен со Манчестер Јунајтед и никогаш да не го напуштам Јунајтед. Сè надвор од играта беше само бонус“, 

Но, кога неговата кариера како фудбалер дошла до крајот, одлучил да ги истражи можностите.

@beckham75

„Почнав да се фокусирам, а потоа и да разгледувам каков ќе биде крајот на мојата кариера и што ќе правам, да создадам тим и во одредена точка да поседувам свој тим, да имам своја канцеларија и да бидам во можност всушност да контролирам сè што се случува во мојот живот. Мислам дека бев во доцните дваесетти или раните триесетти кога почнав да се „преуредувам“, прилагодувам. И тоа изгледаше многу поинаку отколку кога имав 21 година. Мислам дека работите почнаа да се менуваат кога почнав да ги гледам работите поинаку, од бизнис апсект и од поширок агол, затоа што уживав во тоа многу повеќе“, вели Дејвид.

Инаку, неговото богатство се проценува на 700 милиони фунти.

@beckham75

Свеченоста на која ќе дознаеме кој ќе биде „Маж на годината“ за 2019, а во рамки на која на Бекам ќе му биде врачена специјалната награда од уредништвото, ќе се одржи во четврток во Лондон.

@beckham75

@beckham75

Објавено:
3 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
223 пати
Тагови: 
Бекам GQ