Како Дејвид Бекам заработува 50.000 долари дневно?

28 април 2021

Очила за сонце, облека, парфеми со името на Дејвид Бекам. Благодарение на своите профитабилни брендирани бизниси, Дејвид Бекам заработува околу 50 илјади долари дневно. Рекламирањето на парфеми, часовници, долна облека и слично, на фудбалската ѕвезда и' донеле околу 17 милиони долари минатата година или поточно 41.671 долар дневно. 

Од компанијата Seven Global LLP која е задолжена за промоција и менаџирање на сите производи поврзани со Дејвид Бекам, изјавија дека Дејвид Бекам е интернационална ѕвезда чие име прерасна во бренд за животен стил.

Меѓу соработките кои го полнат порфотлиото (и џебот)на Бекам се вбројуваат и компаниите како H&M, Tudor (часовници), Biotherm Homme и неговата линија парфеми.

Уште едно клучно партнерство е и она на Бекам со Адидас, со кои во 2017 прославија 20 години соработка.

Објавено:
28 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
273 пати