Деми Ловато одбива да каже со што се предозирала

25 јули 2018

Низ светските медиуми вчеравечер се прошири информацијата дека 25-годишната ѕвезда Деми Ловато е хоспитализирана поради предозирање.

Пејачката била најдена во нејзиниот дом во Холивуд Хилс, од страна на пријателка, по што веднаш била пренесена во болница. 

Првичната информација ја пренесе магазинот „Ти-Ем-Зи“, каде објавија дека Ловато се предозирала со хероин. Но, по реакциите на семејството дека не се работи за такви недозволени супстанци и каде замолува за почитување на приватноста, тој дел од веста беше сменет.

Сепак, во медиумите се појави нова информација, дека Деми во болницата била вратена во живот со „Наркан“, лек кој се користи за да ги блокира ефектите од опојните средства (таблети против болки, хероин или фентанил) до 90 минути по користењето.

Деми одбила да разговара со докторите и инспекторите, па со што се предозирала сè уште останува непознато.

Најновите информации се дека сè уште е во болница, во свесна состојба, во друштво на семејството и најблиските пријатели. Нејзините закажани настапи во рамки на актуелната турнеја ќе бидат откажани.

Инаку, пејачката неодамна зборуваше како шест години е трезна и „чиста“. Таа отворено призна дека се бори со зависностите од 2010 година, кога се повлече од концертната тура со „Jonas Brothers“ и откри дека ќе оди на рехабилитација.

После третманот, кон почетокот на годинава, Деми откри дека многу често користела кокаин, а воедно ѝ било дијагностицирано биполарно пореметување. Исто така, пејачката се бореше и со алкохолизам и булимија, па повеќе од една година помина во центар за одвикнување и рехабилитација.

Минатата година, на „Јутјуб“ каналот се појави и документарниот филм за нејзиниот живот насловен како „Деми Ловато: Едноставно комплицирано“ (Demi Lovato: Simplz Complicated), каде потсетувајќи се на искуството со кокаин вели:

 

„Без исплашена бидејќи мајка ми ми кажуваше дека срцето може да ми експлодира ако го користам. Но, јас сеедно го правев тоа. Првиот пат кога го употребив, многу ми се допадна“.

Таткото на Ловато, почина во 2013 година, исто така како последица на борбата со зависност. 

„Претпоставувам дека секогаш го барав она што тој го бараше во дрогата и алкохолот, бидејќи повеќе го исполнуваа и ги одбра нив, отколку семејството“, вели во документарецот.

Пред месец дена го издаде синглот „Sober“ (Трезна), кој го посвети на обожавателите.

„Жал ми е за сите обожаватели кои ги изгубив, а кои ме видоа како повторно паѓам. Сакам да бидам пример, но и јас сум само човек“, се дел од стиховите.

За оние што не го гледале досега документарниот филм, можат тоа да го направат во 

Објавено:
25 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
836 пати