Демна Гвасалија е личност на годината според BOF!

21 декември 2016

Основачот на Vetements и креативниот директор на модната куќа Баленсијага Демна Гвасалија е прогласен за личност на годината според магазинот Business of Fashion.

„Во последните 12 месеци, грузискиот дизајнер на еден посебен начин внесе делови од високата мода во уличните стајлинзи и тоа преку Vetements, а истовремено сензибилитетот на уличната мода го проткаа низ сето она што го прави за Баленсијага. Тој ја „здрма“ модната индустрија на глобално ниво и стана највлијателниот глас во модата во 2016 година“, стои во објавата на магазинот за дизајнерот.

На својата последна колекција тој соработуваше со 17 модни куќи меѓу кои и Левис, Маноло Бланик, Бриони и уште многу други.

Тој одлучи да прикаже само две колекции годишно за Vetements и со тоа отпочна тренд што го прифатија и други модни куќи како Барбери, Том Форд и Томи Хилфигер.

Гвасалија е и првиот дизајнер кој прв во историјата креираше машка колекција за Баленсијага. Ревијата тогаш ја отвори со капут што му припаѓал на самиот Кристобал Баленсијага, кој самиот почнал да го работи, но никогаш не го завршил.

Младиот и талентиран дизајнер го земал од архивата на модната куќа и одлучил да го заврши со што остави неверојатен впечаток кај сите присутни, а воедно тоа беше и еден од највпечатливите моменти во модата изминатата година. 

Објавено:
21 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
125 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr