Денес е Светскиот ден на фармерките

23 април 2014

Според објаснувањето во судската одлука, жртвата сама допринела да биде силувана бидејќи напаѓачот не бил во можност сам да и ги соблече фармерките, кои биле премногу тесни. Ваквата одлука допринесе жените во Парламентот да отстапат од пропишаниот дрес код и тој ден на работа да се појават во фармерки како знак на солидарност за жртвата. Од тогаш 23 април е прогласен за Светскиот ден на фармерките и е формирана непрофитната организација „Peace Over Violence“.

Креативниот директор на Guess, Пол Марчијано ги подржува сите фондации кои се посветени во промоцијата на мир, толеранција и еднаквост и токму затоа на 17 март, брендот спроведе маркетинг кампања за оваа цел и донираше еден милион долари во непрофитната организација  „Peace Over Violence“ за отворање на 24 часовна бесплатна телефонска линија, за едукација и нудење бесплатни адвокатски совети.

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Актуел