Денеска се промовира новата книга за Диор

6 ноември 2013

 

За денеска,  шести ноември е закажана промоцијата на новата книга, која му е посветена на творештвото на популарниот моден дизајнер Кристијан Диор.

 

 

„Dior Glamour“ го опфаќа креативниот период помеѓу 1952 година и 1962 година, кога тој на модниот свет му го откри новиот изглед или „new look“, со кој и триумфираше во модните кругови и го достигна врвот. Автор на книгата е Марк Шо кој во тоа време соработува со оваа модна куќа.

 

 

Тој документирал се што можел да види, работата на дизајнерот, пробите, фотосесиите на актерите и моделите. Првично објавил неколку информации во магазинот „Life“, но подоцна решил да ја собере целата приказна на едно место и да издаде книга за креативното творештво на овој дизајнер.

 

 

„Dior Glamour“, содржи над 130 архивски снимки и опфаќа цела една деценија од „животниот век“ на овој бренд.

 

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Актуел