Денови на африканска мода во Лондон

31 јули 2014

afrika 2

Манифестацијата  Africa Fashion Week London (AFWL) е најголемиот африкански настан од овој тип во Европа. Основач е Ронке Адемилуји, а во рамки на оваа модна недела дизајнерите имаат можност да се претстават преку ревии, изложби, соработки со други дизајнери и на тој начин да ги стават во преден план трендовите во модната индустрија инспирирани токму од Африка.

-Една од целите на настанот е да се прослави работата на африканските дизајнери и дизајнери од Британија инспирирани од Африка - велат организаторите.

постер од минатогодишното издание постер од минатогодишното издание

Првото издание на AFWL се одржа во 5-ти и 6-ти август во 2011 година, учество земаа 54 дизајнери, а го проследија околу 4.700 посетители. Следната година бројот на посетители се зголеми на 20.000, а имаше и интернационална медиумска покриеност на настанот. После три успешни сезони, следува четвртата, а дизајнерите годинава ќе можат да се претстават од 7-ми до 9-ти август.

-Сакаме да ја зголемиме свесноста и видливоста на нашите дизајнери, овозможувајќи им платформа која комуницира на глобално ниво и која ќе направи мост помеѓу нашите дизајнери и нивните потенцијални клиенти. Исто така, ќе допринесеме за медиски интерес како на локално, така и на интернационално ниво, овозможувајќи им подобар третман.

Објавено:
31 јули 2014
Категорија: 
Актуел