Десеттото издание на FWSК во знакот на визуелната целина од геометрија, чисти форми и неонски бои

18 август 2014

Со фотосесијата за новиот имиџ на годинешниов Моден викенд Скопје, се означи стартот на подготовките за неговото десеттото јубилејно издание кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври, а ќе биде во знакот на сензуална геометрија, чистите форми и неонските бои.

Заштитно лице на кампањата за сезоната есен/зима 2014/15 е моделот Моника Алексовска која беше прогласена за најдобра манекенка на годинешното априлско издание на Моден викенд Скопје.

Визуелната порака на сезоната содржи елементи од колорните контрасти на оптичката уметност и заводливата мода од 60-тите години на минатиот век. Графичкиот минимализам и сензуалноста претставени преку дигитални цветови кои беа застапени минатата сезона овој пат се преточени во поедноставен облик.

„Оваа есен/зима ќе ја одбележи безвременскиот, класичен изглед со нагласени очи, црн туш , истакнати трепки и сензуални усни. Вистински редизајниран „Твиги стил“.“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката во соработка со AVON кој е и официјален мејкап - партнер на десеттото издание на Моден викенд Скопје.

За трендовите во однос на фризурата , користејќи ги производите на LAKME познатиот стилист Бубе од фризерското студио Бубе Студио Ин вели : „Строгите линии кои ќе бидат апсолутен тренд следната сезона на изгледот му даваат моќност и безвременска женственост.“

Креацијата во која е облечена Алексовска ја потпишува Виктор Цветановски кој се претстави со капсулна колекција на априлското издание на Моден викенд Скопје.

Тимот задолжен за имиџот на претстојниот Моден викенд Скопје го сочинуваат:

- Продуцент: Светлана Богова Јовановска

- Концепт&дизајн: Анита Гај - Фотографија: Ани и Дими

- Видео: Марина Трајковска

- Шминка: Официјален партнер за шминка и убавина AVON во соработка со Зоран Шурбевски

- Фризура : Брендот LAKME во соработка со фризерско студио Бубе Студио Ин

- Модел : Моника Алексовска (модна агенција Подиум)

- Кастинг директор: Ирина Илиевска - Стајлинг: Виктор Цветановски

- Марија Илиќ: Менаџер за медиуми и односи со јавност

-Фотографија: Ани и Дими

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Актуел