Лили Олдриџ и Стела Максвел се двете водечки дами во новата кампања за последната колекција на брендот Викторија Сикрет. 

Покрај овие две убавици, дел од кампањата се и Марта Хант, Тејлор Хил и Елса Хоск. Како и секогаш, секоја една од нив изгледа совршено презентирајќи ги новите модели на нивната матична куќа. 

Колекцијата е наречена „Body by Victoria - The Easy Collection“, а во истата се сместени прекрасни нежни парчиња долна облека по кои брендот е познат. 

На фотографиите можеме да ги видиме прекрасните девојки како уживаат носејќи ги новите модели на Викторија Сикрет, снимени во целосно бела атмосфера во шармантна соба. 

Во колекцијата девојките ќе најдат различни големини од новите модели кои овој пат доаѓаат во свежи и светли бои кои се како создадени за топлото лето. 

Поранешната кошаркарка, сега еден од најбараните модели во светот, Елса Хоск ќе каже дека нема поголема чест од тоа да си дел од семејството на Викторија Сикрет, но и дека понекогаш секоја од нив чувствува некаква несигурност кога е во прашање совршеното тело. 

„Секој има моменти во животот кога се чувствува несигурно, па дури и моделите на Викторија Сикрет. Она што треба да го направите е да не се споредувате со никого, да бидете свои, да бидете најдобра верзија од себе бидејќи вие сте уникатни. Нема никој сличен на вас“, вели таа.

Објавено:
28 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
433 пати