Диана фон Фурстенберг и Мајкл Корс го напуштаат Линколн центарот?

23 декември 2013

Откако неодамна Вера Ванг и Каролина Херера соопштија дека нивните колекции нема да се прикажат во Линколн центарот како дел од њујоршката модна недела, туку на сосема посебни локации, истото се случи и со Диана фон Фурстенберг и Мајкл Корс.

Портпаролите на дизајнерските куќи се уште не ја потврдиле веста, но во модните кругови се шпекулира дека се поголем е бројот на дизајнери што се одлучуваат да ги презентираат своите колекции на посебни локации.

Многу е мал бројот на дизајнери што досега го потврдија своето присуство на њујоршката модна недела. Меѓу нив се најдоа Моник Луилиер, Тори Бурч, Џил Стјуарт, Лејла Роуз, Мили, Нанет Лепор и Никол Милер.

По големиот број жалби од дизајнерите и присутните за организацијата на минатата њујоршка модна недела, организаторите IMG направија неколку позначајни промени со цел да се подобри целиот настан.

Објавено:
23 декември 2013
Категорија: 
Актуел