Дидие Грумбах ја напушта Француската федерација

2 јули 2014

Дидие Грумбах ја напушта функцијата Претседател на Француската федерација за мода и модни дизајнери, како и на Здружението за висока мода.

Дидие Грумбах Дидие Грумбах

Првиот човек на француската мода Грумбах, кој има 77 години, беше на оваа раководната позиција од 1998 година. Додека беше на чело на федерацијата, Грумбах одигра значајна и клучна улога за успешните кариери на бројни дизајнери и модни куќи. Тој официјално ќе биде заменет на први јули, а неговото место ќе го преземе поранешниот претседател и извршен директор на Клое , Ралф Толедано, кој во моментов е претседател на одделот за мода во компанијата Пуж и здружението на дизајнери за женска облека.

Ралф Толедано Ралф Толедано

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Актуел