Дијан фон Фурстенберг продава дел од акциите

15 јануари 2015

Кога Дијан фон Фурстенберг била запрашана дали е исплатливо да се продадат дел од акциите на јавна понуда, таа понудила одговор кој се однесувал на иднината на модната куќа – „Повеќе пари заработив од десетгодишната соработка со Master Card, отколку во компанијата која ја купив по цена од 40 долари за акција.“

На истото прашање се надоврзал и Џоел Хоровиц, кој е заслужен за јавната понуда на Томи Хилфигер во деведесеттите години – „Ситуацијата е насекаде иста. Доколку ги контролирате очекувањата и добро го водите својот бизнис, може да очекувате долгорочен успех на брендот. Но проблемот настанува кога се брзаат работите, бидејќи тогаш се носат лоши одлуки под влијание на голем притисок.“

Изгледа дека наскоро модната дизајнерка ќе мора да продаде дел од акциите на модната куќа, но сепак за сигурно потврдила дека ќе прави трансформација со цел создавање на моден бренд, кој лесно ќе се прилагодува на идните модни трендови.

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Актуел