Дијан вон Фустенберг дизајнира рамки за паметните очила на Google

3 јуни 2014

Овој пат, 68 годишната Дијан вон Фустенберг во соработка со Google Glass креираше рамки за паметните очила. Идејата своите корени ги влече од пролетната колекција за 2013 година кога сите модели, шминкери, фризери, ко-основачот на Google Сергеј Брин и самата Фустенберг носеа очила од оваа компанија.

Во интервју за Ел, дизајнерката изјавила – „Доволно сум стара за да можам да танцувам во Студио 54 и доволно млада за да бидам во тек со дигиталната револуција“.  Утре кога Дијан ќе се претстави со ресорт колекцијата за 2015 година, официјално ќе ја потврди и соработката со Google Glass, кои за прв пат ќе соработуваат со моден дизајнер за креирање на новата линија рамки за нивните очила.

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Актуел