Error message

Дијана или Камила: Речиси идентични изданија на омилената принцеза и идната кралица

12 септември 2022

Во 1994 година принцот Чарлс во телевизиско интервју јавно призна дека ѝ бил неверен на принцезата Дијана за време на нивниот брак и ја обелодени врската со Камила, војвотката од Корнвол.

Истата таа година, Дијана се појави на јавен настан во фантастично издание, во женствен црн фустан со голи рамена, кој во јавноста тогаш стана популарен како „одмазднички фустан". И веројатно тоа е едно од најдобрите стилски изданија, не само на принцезата Дијана, туку генерално во монархијата.

Се работи за дизајн на Кристина Стамболиан, елегантен модел на црн фустан што Дијана умешно го спои со црни салонки и луксузен чокер со бисери и брош од сафир. И денеска, овој изглед на Дијана е пример за чиста елеганција и безвременска женственост.

Една година подоцна, Камила, исто така на јавен настан во хотелот „Риц" во Лондон се појави во речиси идентично издание: црн фустан со голи рамена, комбиниран со црни салонки и со сличен чокер како оној на принцезата Дијана.

Според вас, на која подобро ѝ прилега?

Инаку, по смртта на кралицата Елизабета, принцот Чарлс застанува на британскиот трон како крал Чарлс Трети, додека неговата сопруга Камила ја добива титулата кралица консорт (Queen Consort).
Ваквата титула за Камила е барање што кралицата Елизабета го упати во февруари, во пресрет на нејзиниот платинест јубилеј, по повод 70 години на тронот.

Објавено:
12 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
992 пати