„Династија“ на Ким Кардашијан начин

6 јули 2022

Откако направи драстична трансформација за Мет гала, со цел да го облече фустанот што оригинално го носела Мерилин Монро во 1962 на роденденот на Џон Кенеди, Ким Кардашијан во новата кампања за нејзиниот бренд Skims е повторно непрепознатлива.

Веројатно на прва ќе се посомневате, но да, на фотографиите што неодамна беа објавени на Инстаграм е Ким Кардашијан комплетно трансформирана во естетиката на познатата серија од 80-те „Династија".

Со плава, степенаста фризура и изразена шминка, Ким позира во бикини во златна боја од новата колекција за нејзиниот бренд за долна облека.

Фотографиите на својот Инстаграм профил ги објави нејзиниот фризер, кој исто така е одговорен и за фризурите на Џенифер Лопез и Дуа Липа, Крис Еплтон кој за оваа транфрормација на Ким напиша:
„Единствената фризура за која мислев дека никогаш нема да ѝ ја направам на Ким. Го сакам светот на 80-те".

Рекреираната верзија на гламурот од „Династија" или поконкретно изгледот на Линда Еванс која ја толкуваше улогата на Кристл Карингтон, е новата тема со која очигледно Ким повторно успеа да отвори дискусија во јавноста, а со тоа и да го сврти вниманието на нејзината нова колекција.

Објавено:
6 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
589 пати
Тагови: 
Ким Кардашијан