Диор го носи дигиталното рекламирање на повисоко ниво

9 јули 2014

Диор има големи планови за неговата последна дигитална рекламна кампања, а според информациите, во истата ќе бара големи финансиски средства и ќе биде вистински погледн кон иднината.

И додека останатите брендови рекламите ги пуштаат на телевизија, ги поставуваат на банери низ градот и трговските центри ширум светот, Диор овој пат оди чекор подалеку, па така, рекламата ќе биде пуштена на сите ТВ екрани низ аеродромите во Кина, Франција, САД, Италија и Велика Британија.

Фотографиите за кампањата ги направи Вили Вандерпер, а покрај тоа се снимаа и видеа во траење од 15 до 30 секунди. Истите премиерно ќе бидат прикажани кон крајот на Јули во Кина, а потоа и на модните недели во Њујорк, Лондон и Париз во Септември.

Токму тие видеа, и даваат посебен живот на рекламната кампања на Диор за сезоната есен/зима 2014, а на истите можеме да видиме мала група на прекрасни жени кои уживаат во моделите на брендот во хотелска соба.

Сите фотографии од кампањата ќе бидат објавени во петок во магазинот Харпер Базар.

Објавено:
9 јули 2014
Категорија: 
Актуел