Диор ќе отвори бутик во Токио

5 ноември 2014

Во 1953 година, седум години по претставувањето на првата колекција, Кристијан Диор ги презентираше своите креации во Јапонија, потврдувајќи ја својата наклонетост кон „Земјата на изгрејсонцето“. Шеесет години подоцна француската модна куќа реши повторно да ја зацврсти својата позиција на јапонскиот пазар и тоа преку три ексклузивни настани.

Прво Раф Симонс го одбра Токио како дестинација за прикажување на пред колекцијата за есен – зима 2015/16 година на 11 декември. Второ, јапонската престолнина е домаќин на изложбата„ Esprit Dior“ и тоа во период од 30-ти октомври до 4-ти јануари 2015 година, на која ќе бидат прикажани парчиња, за чија инспирација послужила токму јапонската култура и традиција. Третиот и последен настан е отворањето на нов бутик, кој е всушност модерна интерпретација на историскиот париски бутик на Авенијата Монтењ бр. 30. Во продолжение погледнете фотографии од изложбата која е во тек.

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Актуел