„Диор“ објавија како го правеле корсетот на француската претставничка Барбара Прави

24 мај 2021

„Етро“ не беше единствениот светски познат бренд кој се вклучи во евровизиската игра.

Француската претставничка Барбара Прави, на сцената во Ротердам се појави во црни панталони и интересен краток корсет.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior)

Е токму тој корсет го потпишува модната куќа „Диор“. 

На нивната инстаграм страна, споделија дел од процесот на изработка за ова префинето парче, кое одлично се вклопи во нејзината сценска приказна. Изработено е од тул и фижбајн, а брановидните линии дополнително се обложени со кадифе, додека панталоните се од ткаенина која е мешавина на волна и свила.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior)

Освен сценискиот изглед, таа во текот на неколкуте дена поминати во Ротердам, носеше уште неколку креации на брендот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbara Pravi (@babpravi)

Интересно е што и овие истакнати модни куќи гледаат предизвик во натпревар каков што е Евровизија, а на крајот од денот, сепак се работи за милионски аудиториум, па дилема и не постои.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior)

 За потсетување, Барбара во текот на евровизиското гласање честопати се тркаше со Швајцарија за првото место, но со гласовите од публика, таа заврши на третото, Швајцарија на второто, а Италијаните се искачија на првото место.

 

Објавено:
24 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.565 пати
Тагови: 
Евровизија Диор