„Диор“ во јуни доаѓа во Атина!

4 мај 2021

Модната куќа „Диор“ во јуни месец доаѓа во Атина! Причината е претставувањето на новата cruise колекција за 2022 година.

Точната дата на ревијата е 17 јуни, а зад неа се потпишува Марија Грација Кјури.

Веројатно и не е случајно што токму Грција е нивната дестинација. Имено, пред точно 70 години Кристијан Диор направи фантастична фотосесија на осум креации од Висока мода токму кај Акрополот.

Но, и не само тоа. Новата колекција ќе вклучува и дела на грчките занаетчии. Имено, Кјури и нејзиниот тим пред неколку месеци биле во Грција за да „соберат“ инспирација и креативно да ја надополнат колекцијата која ја работеа изминативе месеци.

„Грција е земјата која што отсекогаш била блиска до моето срце. Од митологија до „Одисеја“, од архитектура и философија до неверојатни занаети, Атина за мене е дестинација од соништата за поставување на модно шоу, каде ќе се слави магијата и трансмисијата на културите“, вели Марија Кјури.

Ова ќе биде едно од најзначајните случувања во Грција летово, а оттаму потенцираат дека при одржувањето на ревијата, ќе бидат испочитувани сите мерки на заштита против Ковид-19, а на настанот ќе бидат вклучени и креативните производи на локални уметници.

 

Објавено:
4 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
300 пати
Тагови: 
Диор Атина
Извор: 
greekcitytimes.com/