Дискверд добија две признанија на канадските модни и уметнички награди

4 февруари 2014

Дизајнерското дуо Дин и Ден и сопствениците на популарниот бренд Дискверд, добија две награди на првото издание од канадските уметнички и модни награди во Торонто. Првата награда е за најдобро интернационално дизајнерско дуо, додека втората е за врвно достигнување во креирањето на глобална линија на облека.

-Возбудени сме што пред се сме дома за така значаен настан каде ги сретнавме едни од позначајните луѓе за канадската мода. Канада е нашата родна земја од која со кренати глави ги земаме овие награди, изјавуваат Дин и Ден.

Меѓу присутните беше и манекенката Коко Роча, која освои награда за најдобар модел на годината. Таа во чест на своите пријатели на манифестацијата се појави во асиметрична креација на Дискверд од пред есенската колекција.

Објавено:
4 февруари 2014
Категорија: 
Актуел