Дизајнерката Росица Мршиќ отвори онлајн продавница

16 декември 2013

rosica

Оналајн продавницата на младата дизајнерка Росица Мршиќ започна со работа вчера. Сите заинтересирани посетители на нејзината страница ќе имаат можност да ја видат, а и да си купат некое парче од  последната колекција есен-зима 2013, која што беше презентирана и во рамки на Моден викенд Скопје.

Дизајнерката на сите производи нуди промотивен попуст од 20% , кој ќе трае се до 20-ти декември.

Исто така, во рамки  постои и можност за специјални нарачки од колекциите кои не се понудени директно во онлајн продавницата. Повеќе информации можете да добиете на http://shop.rosica-mrsik.com/.

Инаку, ова е третата онлајн продавница, кога се дизајнерските модни парчиња во прашање. Досега активни се онлајн шопот на брендот Елена Лука, како и Bastet Noir, каде можете да купите парчиња од повеќе дизајнери (Бранка Данчевска, Ирина Тошева, Бобан Илиевски, Маја Кикириткова, Ивана Кнез и брендот Ind.og.).

Оналјн купувањето, особено облека, е широко развиено насекаде во светот, а радува и моментот што се повеќе во оваа насока се размислува и кај нас.

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Актуел