Дизајни на „Капка“ и „Risto“ на поп-ап изложба во Скопје

5 јуни 2017

На 8 јуни во 18 часот во галеријата „Акантус" во Скопје, ќе биде отворена уникатна продажна изложба на парчиња облека од концепт продавницата „Румор" со седиште во Охрид. Станува збор за продавница која на клиентите им нуди колекции од дизајнери кои се етаблирани на светската модна сцена, но по цени прилагодени за македонскиот пазар. Еден од позначајните елементи е идејата „Made in Macedonia ", чии колекции се работат со висок квалитет во фабрики во охридскиот регион за имиња како Balenciaga, Loewe, Martin Margiela...

Инаку, во рамките на поп-ап изложбата ќе се претстават и колекции на:

RISTO – Paris еден од најуспешните македонски модни креатори Ристо Бимбилоски, кој зад себе има извонредно искуство работејќи за Луј Витон, Кензо и во моментов за Maison Margiela под водство на Галијано, кој преку своите креации ја спојува македонската традиција со мошне модерен дизајн.

MONOGRAPHIE - Paris, чија дизајнерка на колекцијата е препознатлива по остри и чисти линии кои на суптилен начин ја истакнуваат женственоста. Колекцијата SEV-Paris, колекција на кошули изработени со геометриски принтови (кои се хит кај ѕвезди како Artic Monkeys, Jay Z Frank Ocean), како и WE ARE OWLS - New York, колекција на уникатни рачно печатени шарпи изработени од нежна кашмир свила комбинација.

На изложбата ќе биде претставен и инвентивен и современ накит на македонската дизајнерска етикета „Капка" на дизајнерката Јана Ацевска.

Поп-ап привремената продавница ќе биде отворена до 18 јуни 2017 година.

Објавено:
5 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
216 пати