DKNY создаде летна рамазанска колекција

2 јули 2014

MTIyMzk5Mjg4ODMzNTA4ODc2

За граѓаните од исламската вероисповед рамазанскиот месец е веќе во тек. Од сабота на полноќ, муслиманите го празнуваат светиот месец Рамазан, месец на духовно и телесно прочистување, високи морални вредности, на добри дела и љубов.

Брендот DKNY неодамна лансираше нов сајт за пазарот на Блискиот Исток и има неколку продавници во регионот, а сега подготвува колекција посветена токму на Рамазан, со соодветна кампања. Ова е прва кампања на брендот со религиозен аспект некогаш направена.

Колекцијата содржи конзервативни, но сепак летни и соодветни панталони, блузи, здолништа и фустани во весели бои и принтови.  Кампањата е предводена и стилизирана од познати модни личности во Блискиот Исток Јалда Голшарифи и Тамара ал Габани. Голшарифи е моден уредник на релација Лос Анџелес, Куавјт и Иран, а Габани е дизајнер и ТВ-презентер во Дубаи.

Со ова DKNY направи одлично проширување на пазарот и одличен маркетиншки чекор, а и граѓаните од овој дел на светот и верска припадност веројатно ќе се израдуваат на ваквиот чекор.

Повеќе за колекцијата насловена како „Летен Рамазан“ погледнете овде.

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Актуел