Доделени модните „Оскари“

6 декември 2016

Вчеравечер беа доделени престижните модни награди кои важат за пандан на филмските Оскари во модната индустрија: Британските модни награди (British fashion awards).

Кремот на светската модна индустрија се собра во лондонскиот „Royal Albert Hall" каде им беа доделени признанијата на најуспешните за оваа година, во различни категории од модната сфера.

Годинава во рамките на манифестацијата беа воведени неколку измени: хуманитарниот аспект на настанот како и отворената продажба на карти за истиот што се случува за прв пат во речиси 30-годишната историја. Исто така беа доделени и 300 покани на студенти од различни универзитети, со што публиката годинава имаше поинаков и пошарен состав. Друга значајна промена е што годинава листата на наградени се проширува со уште неколку категории на интернационално ниво со што настанот добива меѓународна димензија.

За откритие на годината беше прогласена британската дизајнерка Моли Годард, додека за најдобри во категоријата женска односно машка дизајнаерска облека, беа прогласени Симон Роша (за женска) односно Грег Грин (за машка).

Оваа беше значајна вечер за модната куќа Александар Меквин на чело со Сара Бартон, која ја доби наградата за најдобар британски бренд, а исто толку посебна беше и за Алесандро Микеле (Гучи) кој ја доби интернационалната награда за најдобар дизајнер на модни додатоци.

Џиџи Хадид која остави моќен впечаток на црвениот килим, го доби признанието за Модел на годината, а Џејден и Вилоу Смит се новите модни икони.

Најдобар интернационален дизајнер е Демна Гвасалија (Баленсијага), а Наградата за посебно достигнување во модата му припадна на Ралф Лорен.

Во галеријата погледнете како изгледаше црвениот килим на годинешниве Британски модни награди.

Објавено:
6 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.036 пати