Доделени првите награди на дизајнерите за време на Неделата на дизајн во Скопје

28 ноември 2016

Оваа година за првпат во шестгодишното постоење на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week) воведени се награди за дизајн. Наградите се доделуваат во три категории, и тоа: најдобар студенски производ/прототип, најдобар млад бренд во подем и награда за најдобра презентација на компанија.

Првонаградени на Skopje Design Week оваа година се:

Награда за најдобар студентски дизајн -  дизајн на прототип

Данијела Савиќ – студент на Факултет за арт и дизајн, Европски Универзитет на РМ

Награда за најдобар млад бренд – бренд во подем

“ФОРМИ”

Награда за најдобра  презентација на компанија учесник на Skopje Design Week

“SECURICOM”

Четиричленото жири составено од Зоран Једрејчиќ, Александар Велиновски, Нина Бачун и Маја Колар ги изгласа добитниците на наградите за дизајн за 2016 година, кои иако не се присутни во полн состав на доделувањето во 19:00ч во „Јавна соба“, порачуваат дека македонскиот дизајн со сигурност движи во нагорна линија и дека фестивалот Skopje Design Week ја исполнува својата задача на артикулатор и стимулатор на дизајн-сцената во земјата и регионот.

Наградите се официјално признание за вложениот труд, енергија и голема мудрост во своите производи и презентации. Компаниите и поединците кои се наградени оваа година се вистински пример за деловниот и дизајн-секторот, за тоа што е дизајн и како истиот се презентира пред пошироката јавност. -  изјави Зоран Једрејчиќ

Шестото издание на Неделата на дизајн во Скопје со доделувањето на наградите официјално се затвори.

Посетителите и учесниците ќе го паметат по досега најдобрите презентации, најсилната изложба на Земја во фокус (оваа година Австрија), добро таргетирани предавања, работилници за професионалци, и незаборавната музичка програма. Пораката на организаторите е дека до следното издание, кое ќе се одржи на 21 до 25 ноември 2017 година, ќе следат организирани презентации на македонскиот дизајн во 7 европски метрополи, серија работилници за дизајн на производ и дизајн на храна и ред изложби на млади дизајнери и компании.

Во продолжение погледнете ја галеријата од сите денови на оваа манифестација, која траеше од 23-ти до 27-ми ноември во „Јавна соба“:

фото: Марко Костовски

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
628 пати