Долче & Габана во јули ќе лансираат колекција за деца

23 април 2013

„Не сум спремен за ваков предизвик, но братот на Доменико има три деца на возраст од 2 до 6 години, па затоа тој е подобро запознаен со оваа проблематика од мене. Планираме да го прошириме брендот Долче & Габана во однос на производството, дизајнот и функционалноста,” изјави Стефано за WWD.

Колекцијата ќе содржи облека за бебиња и деца за возраст до 10 години, а меѓу интересните модни парчиња ќе бидат фустаните и смокингот за деца. Фустаните ќе бидат со цветен принт, блузи со детали од чипка, а ќе има и пеперутка-вратоврска за посвечени пригоди.

„Разговаравме со голем број мајки, бидејќи сакавме колекцијата да биде попрактична. Така дознавме голем број детали кои претходно не ги знаевме,” додаде Стефано Габана.

Објавено:
23 април 2013
Категорија: 
Актуел