Долче и Габана и Магнум создаваат нов сладолед

17 мај 2014

timthumb

По повод одбележувањето 25 години постоење на сладоледот Магнум, двата познати бренда  Долче и Габана и Магнум ги здружија креативните сили за да создадат нов вкус на сладолед и секако, да го редизајнираат пакувањето.

Сладоледот ќе биде составен од мек крем од ванила, кој воедно е и омилениот вкус на дизајнерската двојка, со парчиња црно чоколадо и фстак, прелиен со слој од бела чоколада. Сликовитото пакување инспирирано од Сицилија, ќе биде украсено со смарагдно зелени билки, кактуси и цветови од портокал.

Ова издание на сладоледот ќе биде лимитирано, а во продажба ќе се најде во јуни и  тоа ширум светот.

Dolce-Gabbana-x-Magnum-25th-Anniversary-ice-cream-05

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Актуел