Долче и Габана подготвуваат нова мобилна поп-ап продавница

3 јули 2021

Модното дуо Долче и Габана одлучи да ја донесе Сицилија во Хемптон.

Овој град остана едно од омилените туристички места, создадено со страствени купувачи и тоа на луксузни брендови, а италијанското дуо одлучи тоа да го искористи.

Нивната нова поп-ап продавница е мобилна, декорирана во медитерански и ним својствен дух.

Кон почетокот на следниот месец, тие ќе започнат со нивното модно патување со „Sicilian Cart“, како што е наречена мобилната продавница.

Од брендот се потрудиле да ја украсат така што освен што можете да видите летни парчиња облека - фустани, огромни шешири, сандали создадени за чекорење по песок итн..., посетителите ќе можат да посведочат на предмети и слики кои буквално ќе ги запознаат со историјата на островот. 

Воопшто не не' изненадува нивната стратегија, бидејќи општо познато е дека Долче и Габана секогаш се потпираат на своите корени, историја и богатството на Италија.

Поп-ап продавницата ќе патува месец дена.

Објавено:
3 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
324 пати