Долче и Габана пратија тужба до Белград

13 септември 2013

Српските медиуми пренесуваат дека познатиот бренд  Долче и Габана пратиле тужба до Марко Филиповиќ, сопственик на кафуле во Белград кое го носи името Долче и Кафана. Локалот постои веќе една година, а пред две недели на адреса на кафулето пристигнала тужба од  Доменико и Стефано според која судот одредил вредност на спотот околу 500 илјади динари.

 

Сопственикот Филиповиќ вели дека од познатиот бренд бараат да се промени името на локалот а притоа да се платат судските трошоци и загубата на брендот. Инаку, судското рочиште е закажано на 1-ви октомври кога поточно ќе се дознае колкава штета ќе плати нашиот северен сосед.

Објавено:
13 септември 2013
Категорија: 
Актуел