Долче и Габана прогласени за виновни за неплаќање данок

2 мај 2014

18 месеци условна затворска казна за Стефано Долче и Доменико Габана, пресуди италијанскиот Врховен суд. За првпат дизајнерите беа обвинети за неплаќање данок во 2011 година, кога беа прогласени за невини, но Врховниот суд во Италија не ги призна решението на миланскиот суд. Минатото лето Долче и Габана беа обвинети за прикривање данок и измама во бизнисот преку компанијата Gado, регистрирана во Луксембург, поради тоа беа осудени на 20 месеци затвор и парична казна од 10 милиони евра. Откако нивните адвокати поднесоа жалба казната беше намалена на два месеци, а дизајнерите планираат да поднесат и втора.

-Немам зборови. Повторно сме шокирани. Одлуката е необјаслива и ние повторно ќе поднесеме жалба, изјавува Мсимо Диноиа, адвокатот на дизајнерското дуо.

 

Објавено:
2 мај 2014
Категорија: 
Актуел