Долче и Габана ви испратија поздрав од Неапол

14 јуни 2016

Фантастичните авантури низ Италија продолжуваат и во новата есен-зима кампања за 2016 година на секогаш оригиналните Долче и Габана.

Овој пат тие ни испраќаат поздрав од Неапол.

Живописните фотографии со богат колорит го доловуваат градскиот дух од улиците на Неапол, а ги фотографираше Франко Пагети.

Многу позитивна енергија, италијански темперамент и секако препознатливиот дизајн на модното дуо што изобилува со избор на луксузни материјали, богати везови и впечатливи принтови и натписи.

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
444 пати