Долга листа на брендови што ќе затворат голем број продавници поради пандемијата: Zara (1200), Guess (100), Victoria’s Secret (250)…

23 јули 2020

Ниту најмоќните играчи на пазарот на модната индустрија не останаа поштедени од последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Една од директните последици, е затворање на голем прој продажни места на најизвиканите модни брендови, што пак резултира со илјадници изгубени работни места, наспроти порастот на онлајн продажбата.

Според истражувањето на агенцијата „Coresight Research", оваа година во САД се очекува да бидат затворени помеѓу 20.000 и 25.000 продавници. Повеќе од половина од нив, би биле продавници лоцирани во трговски центри.

Од друга страна пак, забрзан е процесот на дигитализација и преориентирање на дгиталните платформи на модните компании, па онлајн продажбата забележува голем пораст.

Магазинот Glamour пренесе една долга листа на познати модни куќи и брендови со загрижувачки број на продавници што се во план да бидат затворени во текот на годинава.

Меѓу нив, шпанскиот гигант Zara е меѓу водечките со листа помеѓу 1000 и 1200 продавници што се во план да бидат затворени во следните две години, притоа без да бидат прецизирани локациите.
Брендот за долна облека, Victoria's Secret, најавува дека планира да затворат четвртина од нивните продавници, односно околу 250 во САД и Канада.

Етикетата за улична мода, Forever 21 се изјасни дека околу 88 нивни продавници во САД ќе одат под клуч, додека Guess планира да затвори околу 100 продавници во САД и Кина, во следните 18 месеци.

Меѓу познатите компании што се приморани за го намалат бројот на продажни места се и Starbucks, Microsoft, Hallmark, Macy's...

 

Објавено:
23 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.855 пати