Донатела Версаче свири на тапани во новата кампања
•
29 јули 2019
„Версаче“ ја објави најновата, есенска кампања, а во неа се појавува и Донатела и ги остава сите изненадени.
Во рекламата дизајнерката ги покажува своите вештини на тапан и уште еднаш потврдува дека е фан на рок музиката.
Покрај неа, во видеото се појавуваат и два модела, а сите се облечени во парчиња од есенската колекција.
Пред да излезе видеото, се појавија фотографии, во кои главниот лик е миленичката на Донатела, Каја Гербер.
Ќерката на Синди Крафорд на фотографиите е речиси непрепознатлива, со руса коса и осветлени веѓи, презентира естетика по која Донатела е препознатлива години наназад.
За шминката е задолжена познатата Пет Мекграт.
Погледнете: