Дресот на Нигерија најпродаван досега на Светското првенство во фудбал

18 јуни 2018

Без разлика што ќе направи репрезентацијата на Нигерија од спортски аспект, на актуелното светско првенство во фудбал што се одржува во Русија, таа успеа да остави впечаток.

Тука пред сè мислиме на дресовите кои се под знакот на „Најк“, а важат за најдобро дизајнерски решени дресови на првенството.

Во контекст на ова оди и податокот дека во претпродажба се продадени преку три милиони дресови, а се верува дека бројката во текот на првенството ќе расте. Со тоа е срушен рекордот на „Манчестер Јунајтед“, кој во 2016 година имаше рекордна продажба на дресови, 2.6 милиони, во текот на целата година. 

Инаку, дресовите се со комбинација на зелени, бели и црниј нијанси, па гледано од моден аспект се опишани како забавни, свежи и поинакви. 

Што мислите вие?

Објавено:
18 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
214 пати