•
11 април 2019
Пејачката на својот Инстаграм профил неодамна се пофали со нова восочна фигура. Таа се заблагодари на „Мадам Тисо“ музејот во Амстердам.
Воедно ги праша фановите дали знаат кога го носела стајлингот на фигурата?
View this post on Instagram
Се работи за комбинација во која се појави на „Билборд“ наградите минатата година, изведувајќи ја песната „New Rules“.
Инаку, во февруари годинава, во лондонскиот „Мадам Тисо“ за првпат беше направена нејзина восочна двојничка. И тогаш пејачката го постави истото прашање, а одговорот беше настап на „Гластонбери“ во 2017 година.
View this post on Instagram
Исто така, мора да се забележи дека фигурите се фантастично изработени, со што во еден момент ви доаѓа да се запрашате навистина кој е оригиналот.
Која фигура вам повеќе ви се допаѓа?