Дубаи ќе биде новата модна престолнина?

17 февруари 2014

Луксузот е синоним за Дубаи, овој град е домот на најмногу згради во светот, огромни вештачки острови и флоти од патролни полициски автомобили меѓу кои: Ферари, Ламборџини  и Бугати. За да се зголеми гламурот, Дубаи сега се фокусира на глобалната модна индустрија од која моментално доминираат Америка, Европа и Јапонија. На Блискиот исток, Дуаби е водечката економска сила, каде се остварува половина од целокупната потрошувачка на мало во регионот. Додека другите луѓе од различни делови од арапскиот свет се борат со протести, насилство и криза, модерните облакодери, сјајот и богатството на Дубаи пружа бескраен хедонизам. Најновите анализи и статистики покажуваат дека Дубаи веќе е меѓу најважните модни дестинации,веднаш зад Лондон, а нешто повеќе од половина меѓу најпрестижните модни куќи имаат свои продавници во овој град.

Но, сега аспирациите на Дубаи се многу поголеми, обидите се тој да прерасне во центар на креативноста кој ќе ги привлече најдобрите дизајнери. Во градот  каде живеат 1,2 милиони жители, веќе е започнат голем градежен проект „Дубаи дизајн дистрикт“ или „Д3“, кој всушност ќе претставува моден дом на:модни студија, бутици, хотели, шопинг шеталишта . Првата фаза од градењето на „Дизајн дистрикт“ кој ќе опфаќа 1,7 милиони метри квадратни, ќе чини околу милијарда долари и ќе биде готов до 2015 година. Според дизајнерите ова е одлична можност за сите нови брендови да бидат забележени. Во 2012 година само во Дубаи на гардероба биле потрошени 7.6 милијарди долари.

Објавено:
17 февруари 2014
Категорија: 
Актуел