Стилот на принцезата Дајана отсекогаш беше следен од јавноста. Беше една од омилените личности за соработка на дизајнерите. Но, покрај беспрекорните свечени изданија, таа честопати знаеше да се појави и во полежерни модни изданија што подразбираа дуксери и џемпери.
А кога сме кај нив, едни од омилените беа џемпери со впечатливи принтови. Веруваме дека се сеќавате на црвениот џемпер со бели и една црна овца, како и оној на кој беше испишано „I'm a luxury“.
View this post on Instagram
Њујоршкиот бренд „Rowing Blazers“, кој одлучи да ги реинтерпретира во модна смисла и да им овозможи на нејзините обожаватели во својот гардеробер да ги имаат овие парчиња.
Инаку, џемперот наречен „црна овца“ таа го добила на подарок од мајката од еден од келнерите на нејзината венчавка. Поради пораката која ја носи, многу ѝ се допаднал, а инаку бил дело на Џоана Озборн и Сели Мјур, дизајнерки на модната куќа „Warm & Wonderful“. Тој џемпер првпат е изработен 1979 година, а бил повлечен од продажба во 1994 година.
Од брендот „Rowing Blazers" велат дека целта била да се задржи истиот материјл и плетка, односно да биде ресоздаден целосно од волна.
Џемперите веќе имаат долга листа на чекање, достапни се во машка и женска верзија, а цената им изнесува околу 300 евра.