Две блогерки носат исти стајлинзи: целта е да се потенцира индивидуалноста независно од облеката
•
1 октомври 2019
Иако не е вообичаено блогерките да имаат тенденција да си ги копираат меѓусебе стајлинзите, сепак ако тоа е направено со намена да се постигне повисока цел и да се прикаже индивидуалност (макар и во ист аутфит), тогаш поентата е јасна.
Токму до таква идеја дојдоа двете познати блогерки Блер Иди, која е препознатлива по својата колоритна естетика и плус сајз блогерката Кејти Сторино.
На нивните популарни профили на Инстаграм, тие досега во повеќе наврати споделиле заеднички фотографии на кои се облечени идентично или слично.
Нивната цел е да се прикаже како ист аутфит може да носат жени со различна телесна конституција и притоа да си ја задржат автентичноста.
Што мислите за подвигот?