Двојничката на Брижит Бардо на насловна на Харпер Базар

14 април 2015

Прекрасната Ана Еверс, која неодоливо потсетува на безвременската Брижит Бардо конечно ја доби првата насловна страница на светски магазин.

Таа изгледа неодоливо на насловната на новото издание на реномираниот Харпер Базар, а подеднакво прекрасна е и на фотографиите од одличната фотосесија објавена во магазинот.

Назад во 90 – тите години, наследничка на Брижит Бардо беше единствената Клаудија Шифер која благодарение на Карл Лагерфелд кој ја ангажираше како негова муза, вистински потсетуваше на познатата француска актерка.

Дваесет години подоцна, уште една Германка го привлече вниманието на јавноста. Сличноста на Ана Еверс со познатата актерка е и повеќе од очигледна.

 

Покрај по неверојатниот сексапил, тие се слични и по многу физички моменти меѓу кои и русата коса, прекрасните очи, полните усни, впрочем сите атрибути со кои Бардо го освои светот.

Во опуштен летен едиторијал со ретро призвук, Ана изгледа и повеќе од одлично. Креативниот тим на магазинот со оваа фотосесија и неверојатната Ана, на супер начин евоцираше спомени од раните 60 – ти кога Бардо беше на врвот на нејзината слава.

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Актуел