Џад Лоу заштитно лице на Прада

16 јануари 2017

После извонредниот успех на Џад Лоу во серијата „Младиот Папа“ во кој го игра контроверзниот владетел на католичката црква, а е во режија на Сорентино, последниов период има наплив од понуди за соработки.

Една од најзначајните за него е улогата на заштитно лице за модната куќа Прада. Видеото кое е снимано е дел од проектот на Прада наречен „365“ во кој се испреплетуваат пет вистински приказни, а ги раскажуваат амбасадорите на брендот. Видеото и визуелниот дел, односно креативата целосна е дело на познатиот белгиски фотограф Вили Вандерпере.

Објавено:
16 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
237 пати
Тагови: 
Џад Лоу Прада