Џеј Ло за прв пат заедно со децата и мајка си во кампања на Coach

1 септември 2020

Новата кампања на Coach е посветена на семејството, па оттука покрај Џенифер Лопез овојпат, воедно и за прв пат, во рекламата се појавуваат и нејзините 12-годишни близнаци Ема и Макс и нејзината мајка Гвадалупе Родригез.

Во амбиент на топла семејна атмосфера, тие заедно позираат за кампањата под назив „Coach Family".
Во видеото што ја следи кампањата, се зборува за вредноста на семејството: Како изгледа современото семејство? Не постои една единствена дефиниција. Не се работи за совршенство, туку за прифаќање – каде секој може да се чувствува удобно ако е свој и автентичен. Мислам, погледнете нè нас.

Џенфер Лопез, во пост на својот Инстаграм профил им се заблагодари на Coach за топлата приказна, но и на своето семејство „за тоа што се".

Објавено:
1 септември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
754 пати
Тагови: 
Џенифер Лопез