Џеј Зи соработува со Barney's за новата божиќна колекција

27 септември 2013

Раперот Џеј Зи најави соработка со американскиот бренд Barney's за нова божиќна колекција.

Мулти милионерот Џеј Зи очигледно уште отсега е во празнично расположение, и истото решил да го манифестира со плодна соработка со еден од најпознатите американски брендови.

Нивниот заеднички проект ќе се нарекува A New York Holiday, а плодовите од истиот ќе може да се видат само во луксузните продавници во Менхетен, Беверли Хилс, Сан Франциско, Бостон и Чикаго.

„Преку овој проект, Barney's и јас ги земавме вештината, енергијата и иновацијата на Њујорк и ги преточивме во квалитетни и безвременски парчиња“, вели Џеј Зи.

Резултатот е колекција со ексклузивни дизајни, за која сме сигурни дека ќе биде одлична со оглед на тоа што Џеј Зи на истата работеше со Alexander Wang од Balenciaga за да креираат минималистички, црн, кожен ранец како и исклучителни машки торби.

Објавено:
27 септември 2013
Категорија: 
Актуел