Позитивните одблесоци од „Медена земја“ продолжуваат.
И медот стаса до Холивуд!
Актерката Џејми Ли Кертис која претходно го изрази своето воодушевување од филмот на социјалните мрежи, сега беше повторно изненадена.
Овој пат причината беше подарок - медот на Атиџе.
View this post on Instagram
„Изненадување. Подарок кој продолжува да дарува. Директно од изворот. Мед од медената земја. Атиџе ми остави тегличка. Ветувам „половина за мене, половина за нив“. Во овој случај кои се моите „нив“? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го гледале ' „Медена земја“, задолжително направете го тоа“, напиша 61-годишната актерка на својот Инстаграм профил.
Инаку, таа досега има посветено неколку објави за филмот, искрено воодушевувајќи се пораките што ги носи, почнувајќи од споменатата „половина за мене, половина за пчелите“, до пораките за љубов, искреност, чистина на душата...
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram